МИЛЧИН ЗА ИЗЈАВАТА НА АДЕМИ: Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража?
Професорот Владимир Милчин денеска ја искоментира изјавата за Радио Слободна Европа на министерот без ресор Едмонд Адеми, која се однесува за дивоградбите во Охрид.
„Ние сме хистеризирале? Не министерот ги извртува фактите! Се обидува да го одбрани неодбранливото. Пицеријата кај Чинарот се скали? Хотелот во Лагадин е гаража? Како не ти е срам?, напиша Милчин на својот Фејсбук профил.
Тој претходните денови напиша на Фејсбук дека дивоградбата во Охрид е прст во око на оние кои се бореле за правда.Инаку, Адеми изјави дека дивоградбите во Охрид се броеле на прсти.
Слично
