Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милчин за Гоце Делчев: Неговата борба е македонска, за смртта уште не е јасно чија е

Милчин за Гоце Делчев: Неговата борба е македонска, за смртта уште не е јасно чија е

Заев нема мандат да ја прекројува историјата, коментира на Фејсбук професорот Владимир Милчин. 

Наведува дека Делчев се борел за Македонија, а роден е во Кукуш (Егејска Македонија).

„Патем, Кукуш е град со унијатска традиција. Кај се „изгуби” писмото од кукушани до папата, во кое бараат помош и заштита од православните „браќа“? И уште еднаш: Заев нема мандат да ја прекројува историјата. Делчев се борел и загинал за Македонија! Неговата борба е македонска! А неговиот живот е борбата! За смртта уште не е јасно чија е!  Борисов би требало, следејќи го примерот на Вили Брант, да дојде овде и да се поклони пред жртвите на бугарската окупаторска власт. Во Музејот на холокаустот за 7.133 македонски Евреи испратени во Треблинка и барем на Могилата на непобедените во Прилеп. Македонија нема за што да се извинува на Бугарија, но Бугарија има! А Заев нема мандат ниту за капитулација, ниту за амнезија!“, пишува Милчин. 


Претходно, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на Фејсбук објави дека „дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11ти ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце:

"Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија"

Владата денеска преку Македонската информативна агенција го оцени како шпекулација тврдењето на пратеникот Антонијо Милошоски дека е дефиниран предлогот за  идентитетската припадност на Гоце Делчев на кои би требало да се согласат премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов пред Самитот на Берлинскиот процес во ноември.

Минатата недела имаше средба меѓу македонските и бугарските историчари, но договор нема, туку само мал напредок на тема Гоце Делчев. 

Идентитетот на Гоце Делчев и натаму останува главен камен на сопнување, а од речиси 14 точки, историчарите во два дена разгледале само неколку. 

Слично

Поврзани вести