Милчин: Помалку ветувајте, повеќе остварувајте
Професорот Владимир Милчин синоќа на Канал 5 изјави дека новата Влада многу ветувала, а сега нема остварување на ветеното.
Вели дека ветувањата брзо се забораваат.
„Помалку ветувајте, повеќе остварувајте. Сега нема остварување. Не гледам дека денеска има повеќе правда отколку што имаше во времето на режимот. Добро, има разлика во медиумите, повеќе се отворени и нема спектакуларни апсења. Точно е и дека сега повеќето невладини се стишени. Оваа Влада нема да има толку време ко Владата на Груевски, нема толку долго да биде поштедена од критики и реакции“- изјави Милчин.
Тој праша до каде сме со планот 3-6-9, и смета дека премиерот Зоран Заев е уценет од германската канцеларка Ангела Меркел за името.Според него, за името сега не треба „да земеме санка и да одиме во провалија“.
Слично
