Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милчин по објавените разговори: Гарантирам дека фондацијата не била Заева

Милчин по објавените разговори: Гарантирам дека фондацијата не била Заева

По објавените снимени разговори во саботата во кои Зоран Заев во 2016 за време на масовните протести го коментира работењето на граѓанските активисти, поранешниот долгогодишен директор на фондацијата „Отворено општество“ Владимир Милчин трврди дека не му е познато кое е другото лице со кого во снимените материјали комуницира претседателот на СДСМ.

Милчин преку статус на Фејсбук тврди дека Заев никогаш не ја контролирал неговата фондација и дека немал влијание кај невладините организации, кои го започнале „отпорот“ против владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски многу порано пред СДСМ.

„Не знам кој е соговорникот кому Заев продавал басми дека се е његово, па не знам заради што лажел. Дали сакал да го купи или да го уплаши? Во крајна линија, не е ни важно...Она што е важно е да се потсетиме дека граѓаните и граѓанските организации го почнаа отпорот кога од СДСМ немаше ни трага ни глас. Граѓаните за европска Македонија се огласија набргу по Букурешт, веќе во втората година на груевизмот. Јас бев извршен директор на Фондацијата отворено општество Македонија од септември 1992 до 30 јуни 2015 година и можам да гарантирам дека фондацијата не била Заева“, пишува Милчин.

Тој сепак вели дека актуелниот шеф на ПР на Владата, Марјан Забрчанец, како човек кој доаѓа од невладиниот сектор влијаел на растурањето на коалицијата на невладините организации со СДСМ кога партијата ја превземала извршната власт и како награда за тоа добил функција на „Бихаќка“.

„За годините потоа не сум овластен, но се надевам дека ќе се огласат овластените.
Она што не ме изненади беше неговата одлука СДСМ да ја напушти коалицијата За Македонија, но ме изненади што беше прекршен договорот тоа да се соопшти на заедничка прес-конференција на СДСМ и невладините организации и иницијативи. За тоа од невладините беше задолжен Марјан Забрчанец, кој преку ноќ стана шеф на агитпропот на власта“, вели меѓудругото Милчин.

Заев вчера за своите објавени разговори пред медиумите коментираше дека се извадени од контекст во однос на тоа дека ги контролирал невладините организации.

Слично

Поврзани вести