Милчин: Освен редуцирана пресија и репресија не ја чуствуваме промената на власта
Режисерот, Владимир Милчин и поранешен предводник на Фондацијата Отворено општество, продолжува да биде критичар на власта па така и за новата влада предводена од СДСМ нема висока оценка сметајќи дека ништо суштинско не се променило.
Тој по повод неговата нова претстава „Ужегнатост“ даде критики за начинот на кој функционира власта на премиерот Заев.
„Тие два лика нели, Првата и Втората, како што ги викаме во претставата, она што го говорат покажува дека всушност, речиси ништо не се променило. Ние се уште во нашите животи, освен една редуцираност на пресијата и репресијата, ние не ја чувствуваме промената. Ние сме сеуште изложени на бомбардирање од некакви идеолошки флоскули, кои се една смеша од наследството на болшевизмот, на неолиберализмот и.т.н. Значи идеологиите веќе не постојат, освен како извор на зборови кои треба да го успијат граѓанинот и да го натераат не само да трпи, туку да мисли дека подобро не може од тоа. Тоа е страшно“, изјави Милчин за „Телма“.
