Милчин: Kоалиционата влада на Заев дефакто ја продолжи праксата на Груевски
Македонија е конфедерација на арамиски гнезда, изјави режисерот Владимир Милчин во интервју за Радио Слободна Европа.
Тој вели дека македонските дела Крпен живот, Печалбари и Арамиско гнездо ја дефинираат состојбата во кој сме доведени. За власта вели дека му пречи тоа што се откажаа од своите ветувања.
„Најмногу ми пречи тоа што се откажаа од сопствените ветувања, дефакто излегува дека тоа што беше изложено пред да дојдат на власт беше само демагогија, ветувања во кои, очигледно, и тие не верувале. Ми паѓаат на ум три класични македонски литературни дела. Првото е „Крпен живот“, второто е драма „Печалбари“, а третото е „Арамиско гнездо“. Мислам дека овие три наслови од нашата класична литература одлично ја опишуваат, ја дефинираат состојбата во која ние сме доведени, со тоа што власта на коалиционата влада на Зоран Заев дефакто ја продолжи праксата на претходната, на онаа на Никола Груевски“, вели тој.
Според него, прашање е дали сме држава, и додава дека државата е дефакто составена од феуди во кои владеат партиските моќници рака под рака со новокомпонираните олигарси.
