Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ се надева дека Бугарија ќе даде зелено светло без да влегува во интимниот простор на македонската нација

Милановиќ се надева дека Бугарија ќе даде зелено светло без да влегува во интимниот простор на македонската нација

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се надева дека со промената на власта во Бугарија, ќе и се даде шанса на Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. 

Тој рече дека на  Македонија не треба и да се поставуваат невозможни услови, кои влегуваат во интимниот простор на нацијата. 

„И околу Западен Балкан, и околу Северна Македонија и Албанија, јас многу јасно кажав пред еден или два месеца, кога е во прашање Северна Македонија, но сега некои работи се изменети. Имаше избори во Бугарија, се надевам дека тоа ќе ја олесни ситуацијата и дека на младиот, новиот и малку економски послабиот кандидат, Северна Македонија, нема да и се прават проблеми и да и се поставуваат услови кои се невозможни, односно кои влегуваат во интимниот простор на нацијата“, додаде Милановиќ.

Во Бугарија неизвесно е формирањето Влада откако се одржаа избори. 

Претседателот на Словенија, Борут Пахор вели дека е потребен компромис прифатлив за Македонија и Бугарија. 

Слично

Поврзани вести