Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЛАНОВИЌ: Maкедонија не треба да се третира како посебен случај со посебни потреби, како земја со грешка

МИЛАНОВИЌ: Maкедонија не треба да се третира како посебен случај со посебни потреби, како земја со грешка

Немојте да бидете жртва на изнудување за членство во Европската Унија(ЕУ),  порача од Скопје, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Тој се сретна со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова и рече дека Македонија добива совети, но не се сите совети паметни. 
„Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ“, изјави Милановиќ. 
За Бугарија рече дека тие имаат свои идеи како тоа треба да изгледа. 
„Правилата се јасни, треба консензус, треба едногласност. Додека некој е против Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено е прашањето дали тоа за вас и за вашите граѓани уште е најважната работа на овој свет вредна во животот или има некои други работи кои може државата да ја дефинираат како успешна и реализирана заедница. Но,  тука јас немам совет, тоа е ваша одлука“, рече Милановиќ.
Тој рече дека земјава не да се третира како посебен случај.
„Земјава никогаш не треба да се третира како посебен случај со посебни потреби, како земја со грешка, туку како земја која во моментов има одредени проблеми, затоа што некои други не се согласуваат со одредени работи до кои вие држите. Во ред, тоа на сила не може да се промени“, кажа хрватскиот претседател. 
Додека не направи уставни измени и не ги внесе Бугарите во Уставот, Македонија не може да почне преговори со ЕУ. Соседна Албанија почна преговори и до крајот на 2027 година планира да влезе во ЕУ. 
фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Слично

Поврзани вести