Економија, финансии, бизнис

Контакт

Милановиќ ја брани Македонија, Џамбаски му порача да не се меша во внатрешните работи на Бугарија

Милановиќ ја брани Македонија, Џамбаски му порача да не се меша во внатрешните работи на Бугарија

Македонските учебници по историја предизвикаа кавга меѓу бугарскиот европарламентарец Ангел Џамбаски  и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ. 

Претседателот на Хрватска ја обвинил Софија дека се меша во внатрешните работи на Северна Македонија, дека сака да  нанесе штета и да ја понижи.

Џамбаски тврди дека тие сакаат во учебниците да има вистина. Вели дека се работи за уште една антибугарска кампања и намерна провокација.  Рече дека токму хрватскиот претседател се меша во внатрешните работи на Бугарија. 

„И јас сум огорчен од фактот дека една членка на ЕУ ја напаѓа друга и зазема силно страна во спор во кој не е вклучен“, напиша Џамбаски.

Милановиќ вчера во текот на одржувањето на состанокот во рамките на процесот Брдо-Бриони кај Крањ рече дека не се сите земји на исто ниво во текот на преговорите за пристапување во ЕУ, а за Северна Македонија рече дека е во „невозможна позиција“. Тој рече дека станува збор за некои услови кои Бугарија и ги поставува на Северна Македонија во поодминатата фаза од европскиот пат. Засега нема напредок во преговорите меѓу Македонија и Бугарија. Бугарија нема намера да го тргне ветото за почеток на преговори. 

Слично

Поврзани вести