Миланов: Беким Незири нема никаков придонес, целата теза се темели на дезинформација
Адвокатот на Беким Незири, Еленко Миланов, денеска пред медиумите посочи дека неговиот клиент е неправедно обвинет и целата фама околу случувањата во македонски навигации се темелат врз дезинформации.
Тој посочува дека главната дезинфомрација која се шири и од стручни и од нестручни лица е дека главниот настан се случил во контролната соба.
- Целиот овој настан започна со дезинформација која постојано се повторува, на таа се заосноваат сите тези и од стручната и од нестручната јавност.
Тоа е дека нападот се случил во контролната соба, но нема ништо што се случува во контролната соба, ниту во неа, ниту во близина, ниту со лице кое треба да извршува дејност во контролната соба.
Инаку Беким ги даде сите свои наоди, тука е пред судот, не мисли да бега, тука е да докаже дека нема ништо што се случило со негово организирање. Тој нема никакво знаење за настанот, напротив е се се случува зад негов грб. Треба да правиме дистинкција меѓу зградата на М-НАВ и контролната соба - вели Миланов, пренесува „Прес24“.
Тој дополни дека Незири се јавил во рок од половина час на повикот на МВР, ги дал сите свои наводи кои имал потреба да ги даде и дека тој е тука.
- Незири и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков придонес затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ. Да направиме дистинкција помеѓу зградата и контролната кула на М-НАВ - објаснува Миланов.
Во продолжение неговата изјава:
