Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска: Воведување сексуално образование во второ одделение е лажна вест

Мила Царовска: Воведување сексуално образование во второ одделение е лажна вест

Мила Царовска, министерката за образование, денеска одговарајќи на новинарско прашање, демантираше дека ќе се воведува сексуално образование уште во второ одделение.

- Истите тие велеа дека во источниот регион ќе се населат 120.000 емигранти, па потоа зборуваа за 5Г мрежата и помор на врапчиња. Лажна вест беше дека се укинува историја и дека се укинува македонски јазик, рече Царовска.

Министерството за образование синоќа им порача на граѓаните да ги избегнуваат содржиноте креирани и превземени од групата на Фејсбук под името „Од нас за нас“. Според министерката, станува збор за лажни вести за сексуалното образование.

- Видовме дека граѓаните подпаднаа на тие лажни вести и затоа објавивме демант. На тие содржини се користат фотографии од други држави, додаде денеска министерката.

Слично

Поврзани вести