Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска се сретна со средношколците и родителите: Нудиме комбинирана настава таму каде што е можно

Мила Царовска се сретна со средношколците и родителите: Нудиме комбинирана настава таму каде што е можно

Новата министерка за образование Мила Царовска објави дека одржала состанок со претставници на средношколците кои денеска протестираа против онлајн наставата , како и со нивните родители, и при тоа им било кажано дека Владата ќе понуди модел на комбинирана настава.

„Врвен приоритет е започнувањето на училишната година на први октомври, за што како Влада нудиме комбиниран модел за настава. Во училиштата каде се исполнети условите од протоколите, наставата може да почне со физичко присуство, а таму каде нема услови, часовите ќе се следат онлајн.
За овој, но и за другите предизвици во образованието, денес разговарав на два состанока, едниот со средношколците, а другиот со родителите. Учениците, наставниците и родителите ќе бидат наши постојани и рамноправни партнери во сите реформски процеси“, објави Царовска.

Слично

Поврзани вести