Мила Царовска се повлекува од функцијата во СДСМ
Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство.
„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата. Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, соопшти Царовска.
Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев вечерта на 31 октомври си поднесе оставка поради лошите изборни резултати. Идната недела ќе го знаеме новиот мандатар.
