Мила Царовска по повлекувањето од функцијата во СДСМ, на концерт на „Танец“ и Стефановски со синот (ФОТО)
Откако се повлече од функцијата потпретседател на СДСМ, министерката за образование и наука Мила Царовска дојде на концертот на ансамблот „Танец“ и Влатко Стефановски, заедно со синот Давид.

Царовска уживаше во фантастичниот концерт кој се одржа во Националната опера и балет во рамките на Есенските музички свечености. Влатко Стефановски и „Танец“ ги изведоа најубавите македонски народни ора и песни, а публиката, меѓу која и Царовска ги испрати на нозе и со овации. Царовска на влезот се фотографираше со музичарот Мартин Вучиќ, кој е директор на „Танец“. Таа претходно на социјалните мрежи објави дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство. „Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство. Му благодарам за укажаната доверба и можност да дадам придонес во градењето општество за сите. Останувам целосно посветена на борбата за социјалдемократските вредности“, соопшти Царовска меѓудругото.
(М.Џ.)
Фото: В.Тануровски
