Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска: Нема отпор за вакцинирање кај наставниците

Мила Царовска: Нема отпор за вакцинирање кај наставниците

Министерката за образование, Мила Царовска, во однос на вакцинацијата, повтори дека околу 75 отсто наставници се вакцинирани и дека е тоа речиси двапати повеќе од националниот просек на вакцинирани.

Таа пред медиумите денеска посочи дека нема значителен отпор кај вработените во образованието кои, како и јавниот сектор, ќе бидат опфатени со мерката што ја предлага Комисијата за заразни болести за задолжителна вакцинација или еднаш неделно  приложување негативен ПЦР-тест.

- Значителен отпор не се јавува. Секако дека над тој процент е и процентот на тие што прележале и сметам дека во момент кога ќе се носат одлуките, ќе има решение за секој еден што е во системот на образование, изјави Царовска.

Поради стабилната ситуација со Ковид-19 во улиштата, засега останува првото сценарио – физичко присуство и дека состојбата постојано се следи.

Слично

Поврзани вести