Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска на прес-конференција по подолго време

Мила Царовска на прес-конференција по подолго време

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска за прв пат по подолго време денеска попладне ќе одржи прес-конференција  Во меѓувреме медиумите го поставија прашањето зошто поранешната министерка за труд и социјална политика не е поактивна пред јавноста особено во период кога треба да има образложување на економските мерки во справувањето со последиците од корона-кризата..

Последен пат Царовска имаше средба со медиумите на 18 март кога заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски во придружба на министерката за одбрана  Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравствоВенко Филипче информираа дека Владата на Собранието ќе му предложи воведување вонредна состојба.

Денеска Царовска, со министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе одржат заедничка прес-конференција.

Слично

Поврзани вести