Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска ќе предводи македонска делегација во Аушвиц

Мила Царовска ќе предводи македонска делегација во Аушвиц

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, отпатува во Полска, каде што денес попладне, ќе ја предводи македонската делегација и заедно со претставник на Еврејската заедница од нашата земја ќе присуствува на „Одбележување на 75 годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау“. 

Инаку денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот која ќе се одржи во свечената сала во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На комеморацијата ќе присуствуваат голем број на членови на кралски семејства, претседатели, премиери, министри и други официјални лица од меѓународните организации и од држави од Европа и светот.

Официјалните активности поврзани со „Одбележувањето на 75 годишнината на ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен логор Аушвиц-Биркенау ќе започнат со обраќањето на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што следува и главното обраќање од преживеани лица од Аушвиц.


Слично

Поврзани вести