Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска два и пол часа во Обвинителството

Мила Царовска два и пол часа во Обвинителството

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, како што беше најавено, денеска даваше исказ во Јавното обвинителство за скандалот со пензиите. Владината функционерка се задржа два и пол часа по обелоденувањето на аферата со непрефрлање на придонесите во вториот пензиски столб изминатите десетина години. Владата веќе објави дека обештетувањето од 19 милиони евра на идните пензионери веќе е започнато.

Исказот го даваше кај обвинителката Лидија Раичевиќ по поднесената кривична пријава, но за тоа пред медиумите не сакаше да изнесе повеќе детали..

Претходно, лидерот на владиниот коалиционен партнер ДУИ, Али Ахмети, ја посочи министерката дека „отвора специјална војна“, во контекст на тоа дека во периодот за кој се однесува скандалот се опфатени тројца директори на ПИОМ од неговата партија.

„Одговорно и отчетно постапувам со тоа што ја известувам јавноста и го информирам јавното обвинителство за сите сознанија“, изјави Царовска.


Слично

Поврзани вести