Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мила Царовска без одговор дали ќе заживее националната платформа: И сега наставата е двонасочна

Мила Царовска без одговор дали ќе заживее националната платформа: И сега наставата е двонасочна

Мила Царовска, министерката за образование, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање не даде дециден одговор дали ќе се направи повторен обид за заживување на единствената национална платформа за учење од далечина. 

Националната платформа за онлајн-настава падна за време на тестирањето и во моментов не е во функција.  Платформата беше изработена во соработка на МОН со ФИНКИ и со помош на МАСИТ, но се соочи со оптоварување.

- Сега наставата се одвива двонасочно без никаков проблем. Сите наставници имаат пристап до „Teams“, сите ученици имаат лозинки, па и тие што одат со физичко присуство, бидејќи не знаеме кога ќе настапат промените. 

Голем дел од наставниците и сега поставуваат материјали на платформата. Како ќе поминува времето и како тие ќе се навикнуваат, јас верувам дека во целост ќе имаат ипотреба на платформата. Но и денес имате активни наставници кои што ја користат, рече Царовска пред новинарите.

Во моментов Мајкрософт тимс е алтернативна замена за националната платформа како софтвер за аудио и видео комуникација со учениците со дополнителни алатки за 250.000 ученици.


Слично

Поврзани вести