Економија, финансии, бизнис

Контакт

Микробиологот Никола Пановски бара да се воведе полициски час

Микробиологот Никола Пановски бара да се воведе полициски час

Микробиологот Никола Пановски во изјава за „Канал 5“ побара воведување на полициски час.

Вели дека за 5-6 пати се зголеми бројот на заразени. 

Тој очекува дека ќе има и поголеми бројки. 

Деновиве битката со вирусот ја изгубија двајца млади луѓе, браќа од Кавадарци.

Вчера во Македонија имавме рекордни 1.192 нови случаи од 3.211 тестирања. Најголем дел од новозаразените се во Скопје - 571 нови случаи.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство информираше за 22 починати. 

Во Европа се врати карантинот во дел од земјите. 

Јужниот сосед исто оди во карантин, а за излегување од дома, граѓаните ќе треба да пратат СМС порака. 

Слично

Поврзани вести