Економија, финансии, бизнис

Контакт

Микробиолошките анализи кажаа: Слободно може да јадете во „Седмица“

Микробиолошките анализи кажаа: Слободно може да јадете во „Седмица“

Откако деновиве скопската сендвичарница „Седмица“ се најде на удар на јавноста поради наводни труења со храна, вчера стигнаа анализите од ЈЗУ Центар за јавно здравје и Државниот санитарен инспекторат а веќе денес од сендвичарата посочија дека вратите на Сендвичара 7 – Карпош набрзо ќе бидат повторно отворени.

„По направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната во сендвичарницата „Седмица“ ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност“, соопштија оттаму.

Од „Седмица“ упатија извинување до јавноста за тоа што четири дена молчеле за целата ситуација, но како што велат тоа било поради сензитивноста на работата при што сметале дека е најдобро резултатите да го кажат своето.

„Бевме обвинети со претпоставка за труење со храна и веднаш медиумски нападнати во една потполно непозната ситуација за нас, во тек на нашето 30-годишно беспрекорно работење. Ве известуваме дека по направените испитувања на примероците од храна и брисеви од работни површини и вработени, констатирано е дека храната ги задоволува сите стандарди и прописи за микробиолошка исправност“, укажуваат од сендвичарата откаде што ги поканија сите наскоро заедно со нив да го прослават 30-годишниот јубилеј.

Слично

Поврзани вести