Мијалков за прв пат без телохранители на судење
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, за прв пат се појави на судско рочиште без телохранители.
Рочиштето доцнеше час и 15 минути поради процедурите на линија Кривичен суд - Истражен затвор Шутка, каде што на Мијалков по втор пат му е доделен притвор од 30 денар.
За случајот „Титаник 2“ како и претходната недела и денеска беше донесен со затворско комбе, во придружба на три полициски возила полни со специјалци.
Во судница, пак, денес ги нема неговите телохранители, кои присуствуваа како јавност на судењето за “Трезор”.
Слично
