Мијалков во темница се потпиша во судот
Екс директорот на УКБ, Сашо Мијалков кој е обвинет во повеќе случаи на СЈО, денеска дојде да се пријави во Кривичниот суд како мерка за обезбедување која му беше определена.
Откако влезе во Судот, снема струја, по што Мијалков во темница се потпиша на шалтерот за пријавување. Кривичниот суд без електрична енергија остана десетина минути.
Мијалков со Решението на судот е задолжен секој работен четврток да се пријавува на судскиот шалтер, а одземен му е и пасошот.
Слично
