Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков викендов ќе го помине во Шутка

Мијалков викендов ќе го помине во Шутка

Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков останува во притвор. Барањето на СЈО за поблага мерка не било целосно информираат од Кривичен суд.

Судијката Весна Димишкова денеска не донела одлука бидејќи предлогот на СЈО за укинување на притворот и определување домашен притвор биле некомплетни и го вратила во обвинителството на дополнување. Во понеделник ќе се знае дали тој за Нова година ќе биде дома. СЈО бара притворот да му биде заменет со куќен притвор. 

Претходно Апелациониот суд со парични гаранции ги пушти по препорака на јавната обвинителка, Катица Јанева во куќен притвор Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ и Зорица Арсовска од „Империја“, но и Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од „Титаник“.

Слично

Поврзани вести