Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков тврди дека е невин и вели ќе се јавува на суд

Мијалков тврди дека е невин и вели ќе се јавува на суд

Екс директорот на Управата за безбедност и контразузнавање, Сашо Мијалков дојде во Апелациониот суд каде на седница се расправаше  по жалбата на СЈО за мерката притвор којашто се бараше за него, како обвинет во споениот случај „Таргет“ и „Тврдина“.

Вели дека е невин и дека нема да ја напушти државата. 

„Совесно се јавував на секој повик во СЈО, на последниот повик се вратив порано од пат што е доволен аргумент дека нема да ја напуштам државата поради тоа што сум убеден во својата невиност. Давам мој личен збор под целосна материјална и кривична одговорност дека редовно ќе се јавувам во судот. Ова е само еден обид за манипулација на СЈО. Јас верувам во објективноста и професионалност на овој суд и верувам дека ќе донесе правилна одлука“ - рече  Мијалков.

Обвинителката Ленче Ристовска од СЈО рече дека за Мијалков се води скратена постапка и токму поради тоа за определување мерка притвор се зема само опасност од бегство.

„Во прилог ги доставуваме анкетните листови и документи од Трговскиот Регистар во Чешка на кои може да се види дека Мијалков е сопственик на имот и фирми во Чешка“- вели Ристовска. 

Во судот не се појави поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујовски кој е обвинет во истиот предмет. Тој бил на боледување.

СЈО бараше притвор за скоро сите обвинети во случаите, а судот одреди поблаги мерки. Мерки не беа одредени ниту за координаторот на пратеничката група на ДУИ,  Ејуп Алими кој е обвинет во случајот „Титаник“.

Слично

Поврзани вести