Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков со „рецептот“ на Заев бара да му го вратат пасошот

Мијалков со „рецептот“ на Заев бара да му го вратат пасошот

Сашо Мијалков, еск директорот на УБК, од кривичниот суд си го бара назад одземениот пасош, а како правен аргумент одбраната го искористи случајот на Зоран Заев во предметот „Пуч“ што е веќе воспоставена судска пракса. 

Секако, во правниот систем во Македонија секој предмет е посебен и се разгледуваат специфичните околности, па од Кривичниот суд засега нема одговор иако одбраната предводена од адвокатот Шврговски посочува дека чекаат повеќе од 20 дена.

– Веќе 25 дена немаме одговор од судот, што малку ме зачудува. Ние очекуваме судот да донесе идентична одлука како во случајот кога му беше вратен пасошот на Зоран Заев бидејќи околностите и во тој и во овој случај се исти. Ние се повикуваме на судската пракса – рече Шврговски.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, потврди дека за пет обвинети во нивните случаи било побарано да им бидат вратени пасошите, но од СЈО дале негативен одговор на ваквиот предлог бидејќи не е променета ниту една околност.

Освен Мијалков, враќање на патната исправа бара и поранешниот премиер и сегашен лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.


Слично

Поврзани вести