Мијалков се спогоди за „Империја“ и доби 3 години затвор
Екс шефот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал за случајот „Империја“. Тој е осуден на 3 години затвор и ќе треба да исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот Мериот. Одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра.
Пред неколку месеци Обвинителството го замрзна имотот на Мијалков, односно уделите во познатиот скопски хотел Мериот, како и апартмани и гаражи во Скопје со површина од над 800 квадратни метри.
Поранешното СЈО во 2018 година го отвори случајот „Империја“. Станува збор за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.
Слично
