Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков по неговата прва пресуда: Не е во мој стил да бегам

Мијалков по неговата прва пресуда: Не е во мој стил да бегам

Сапо Мијалков рече дека бегањето не е во негов стил, откако обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, побара притвор за поранешниот директор на УБК веднаш по првата пресуда од обвиненијата што му се товарат.

Денеска Мијалков беше осуден на три години затвор првостепено поради влијание на ДИК за време на локалните избори 2013-та, а Фетаи рече дека тој може да се даде во бегство затоа што наскоро се очекува Врховен суд да му ја укине мерката куќен притвор за случајот „Империја“.

- Наводите на обвинителката Фатиме Фетаи дека се појавиле околности кои им наговестиле дека ќе се дадам во бегство без да се даде доказ можат да се сведат само на шпекулации. Да направиме ретроспектива на изминатата година и пол, може да заклучиме дека со моето однесување не сум дал ниту една индиција дека ќе избегам. Со бегање проблемите не се решаваат. Стилот на моето живеење не е бегањето. Ако Апелација ја потврди пресудата јас ќе ја издржам казната – рече Мијалков.

Слично

Поврзани вести