Мијалков одбиен, останува во Шутка
Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е одбиен од Апелациониот суд и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство по првостепената пресуда за предметот „Таргет Тврдина“.
Апелација ја одби жалбата на неговата одбрана со која поранешниот директор на УБК побара да остане во куќен притвор.
„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди“, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.
Мијалков на 26 февруаридоби затворска казна пд 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание.
Претходно беше во бегство неколку дена, по што судот го прифати барањето на обвинителката Ленче Ристовска да му се додели притвор во Шутка како мерка за обезбедување присуство.
