Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков нуди гаранција од над 7 милиони евра: Судот денеска го пушта дома?

Мијалков нуди гаранција од над 7 милиони евра: Судот денеска го пушта дома?

Дали ќе му биде укинат притворот на Мијалков откако одбраната понуди гаранција во имот вредна над 7 милиони евра ќе се знае денеска. Кривичниот суд одлучува дали ќе ја прифати или не, а ако е потврдно значи дека тој ќе замине дома од затворот во Шутка. Според информациите кои се неофицијални имало големи шанси ефективниот притвор да се замени со слобода, затоа што кауцијата била многу вредна.

Мијалков е во притвор од 23 февруари кога првично избега, па се појави пред Обвинителството за да го земе решението за притвор, затоа што претходно по информации на обвинителката Вилма Русковска за можно бегство на Мијалков, судот му определи домашен притвор, но полицијата не успеа да го најде на домашна адреса. Додека е во притвор за Мијалков беа донесени две првостепени пресуди, 12-годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушување „Тврдина-Таргет“ и 8 години затвор за случајот Трезор и нелегална набавка на софтвер за следење електронски комуникации.


Слично

Поврзани вести