Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков ни по втор пат не доби шанса „да се прошета“ до судот

Мијалков ни по втор пат не доби шанса „да се прошета“ до судот

Пропадна и втората шанса за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да излезе на кратко од истражниот затвор Шутка и да го замени монотоното сивило од притворот со судско рочиште.

Судењето за „Титаник 2“ за злоупотреби во Државната изборна комисија (ДИК) денеска нема да се одржи поради отсуство на обвинетиот Мендух Тачи , кој добил дозвола од судскиот совет да оди во Албанија на одбележување на Денот на албанското знаме на празникот на 28 ноември.

Мијалков не дојде во судница ниту на 21 ноември за случајот „Таргет Тврдина“, чие рочиште се одложи оти судијката Џенета Бегтовиќ не испрати наредба до притворот Шутка за негово спроведување.

Мијалков беше притворен на 20 ноември откако СЈО тоа го побара од судот по објавата на поранешниот премиер Никола Груевски дека добил азил од Унгарија.

Слично

Поврзани вести