Мијалков нема да се соочи со судот за „Тортура“ врз Бошкоски
Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, нема да се соочи со судење за предметот „Тортура“ откако Крвичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не го прифати обвинението тој да одговара како првообвинет и е изземен од постапката.
Според одлуката на Кривичен ќе им се суди само на шесте припадници на специјалната полициска единица „Алфа“ кои го спроведоа спектакуларното апсење на Љубе Бошкоски.
СЈО ќе ја обжали оваа одлука пред Апелациониот суд и ќе бара обвинението да важи и за Сашо Мијалков.
Второобвинет во овој случај е поранешниот командант на „алфите", Ивица Антевски-Пуки. Сите обвинети се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово нечовечко постапување и казнување од Кривичниот законик.
СЈО истрагата за „Тортура“ ја водеше базирано на неколку телефонски разговори кои и јавноста можеше да ги чуе како Сашо Мијалков им кажува на уредници и сопственици на телевизии дека како што ветил веднаш по изборите почнал да апси и како договара со нив да прикажуваат во вестите снимки од самото апсење на Бошкоски.
