Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков не е спроведен од Струга на судење за „Титаник 2“, а делото наскоро застарува

Мијалков не е спроведен од Струга на судење за „Титаник 2“, а делото наскоро застарува

„Титаник 2“, уште еден предмет во кој е обвинет поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, е блиску да застари, откако беше одложено денешното рочиште.

Делото на Мијалков во случајот во кој обвинети се и четворица поранешни членови на Државната изборна комисија, застарува за  четири месеци.

Поранешниот разузнавач воопшто не бил спроведен од затворот во Струга, каде ја издржува затворската казна за „Империја“ по склучената спогодба. 

Судиите добиле одговор од затворот дека немало таква наредба.

Во овој случај Мијалков е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ за учество во изборни нерегуларности на изборите во 2013 година. 

Слично

Поврзани вести