Мијалков му подал рака на Бошковски
Поранешниот шеф на УБК, обвинетиот Сашо Мијалков, се поздравил со оштетениот , Љубе Бошкоски, за време на денешното рочиште за случајот „Тортура“. Лидерот на Обединети за Македонија пред судот, откако беше одложено рочиштето, смета дека со тој гест Мијалков сака да му се извини и да побара прошка.
„Мијалков стана да се поздрави и веројатно да ми се извини. Ние ја имаме таа демохристијанска црта во нас, за разлика од нив“, рече Бошкоски.
Рочиштето сепак беше одложено бидејќи третообвинетиот Новица Станковски од „алфите“ не се појави во судот. Предметот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски, на 6-ти јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на едницата за апсењето на Бошкоски.
