Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков ќе се соочи на суд со обвинението за „Трезор“

Мијалков ќе се соочи на суд со обвинението за „Трезор“

Сашо Мијалков, екс директорот на Управата за безбедност и контраразузвање, од денеска ќе се соочува со судот за покренатото обвинение од СЈО за злоупотреба на службена положба во предметот „Трезор“ за кој постои сомнежи дека се проневерени државни пари при набавка на софтвер.

 Во овој случај покрај Мијалков обвинети се Горан Грујевски кој е во бегство, ексшефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ. Новоназначена судијка за овој предмет е Џанета Бегтовиќ.

Според СЈО, Мијалков, Јакимовски и Грујовски, во 2010 година отпатувале во Лондон и договориле набавка на опрема за пресретнување на комуникациите и обука за користење на опремата за потребите на УБК. Но, наместо набавката да оди директно преку Министерството, обвинетите ја вклучиле и компанијата „Финзи“ како застапник на МВР. Оваа компанија била формирана една година пред договорот за увоз на софтвер за прислушување.

Опремата од страна на „Финзи“ била фактурирана кон МВР по двојно поскапа цена. „Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, која пак, ја поседува фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма беше Владислав Стајковиќ, братот на Небојша Стајковиќ. Последен директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој под сомнителни околности се самоуби.


Слично

Поврзани вести