Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков излегува пет месеци порано од затвор

Мијалков излегува пет месеци порано од затвор

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков ќе излезе пет месеци порано од затворот во Струга откако Апелација ја уважи неговата жалба по предметот „Империја“ и го врати на повторно судење.

Мијалков за случајот „Империја“ доби три години затвор, откако се спогоди со обвинителството, а со новата одлука тој ќе биде целосно слободен во декември.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година“, објави Кривичен суд.

Инаку на поранешниот директор на УБК како дел од спогодбата за Империја му беше одземен имот вреден околу 30 милиони евра. 


Слично

Поврзани вести