Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков доби 30 дена притвор за „Плацеви на Водно“

Мијалков доби 30 дена притвор за „Плацеви на Водно“

Eкс директорот на УБК, Сашо Мијалков сепак останува во притвор.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Оваа одлука следи по денешната одлука на Апелацискиот суд – Скопје со која беше прифатена жалбата на Мијалков и  тој беше ослободен со гаранција од 11 милиони евра.

Мијалков е во затворот во Шуто Оризари од 26 февруари годинава, откако претходно неколку дена беше во куќен притвор.

Слично

Поврзани вести