Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков чека повратен одговор од Мицкоски

Мијалков чека повратен одговор од Мицкоски

По рочиштето „Титаник 2“, на излегување од судот, обвинетиот Сашо Мијалков на прашање на новинарот на 1ТВ, кусо кажа дека чека одговор на писмото кое за време на изминатиот викенд го испрати до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а истото беше објавено во јавноста.

Поранешниот директор на УБК во писмото го нарече Мицкоски „лажен патриот“ и дека работи на штета на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.

Пред една недела, на седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Мијалков беше исклучен од партијата со обвинување дека соработувал со СДСМ и вршел притисок врз пратениците на ВМРО ДПМНЕ да гласаат за имени на уставот.


Слично

Поврзани вести