Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалков бара да му се врати пасошот за да оди на операција

Мијалков бара да му се врати пасошот за да оди на операција

Сашо Мијалков бара од судот да му го врати пасошот на поранешниот директор на УБК за да оди да се лекува во странство, бидејќи во моментов тоа не е можно да го направи поради мерката за претпазливост која му е со важење за случајот „Титаник 2, а  за тоа однел и обемна медицинска документација во СЈО, објави „Независен“.

Според еден од адвокатите на Мијалков, тој имал закажано операција на хранопроводот во странство, но обвинителката Фатиме Фетаи проценила дека нема доволно аргументи и СЈО испратило негативен одговор до Кривичен суд.

„Има закажано операција на хранопровод на 14 август. Таа операција не се прави кај нас и има известување од Клиниката дека такви операции кај нас не се прават туку во странство“, изјавил адвокатот Љупчо Шврговски.



Слично

Поврзани вести