Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мијалковистички пучисти ти ја роварат партијата: Апасиев продолжи со напади кон Мицкоски

Мијалковистички пучисти ти ја роварат партијата: Апасиев продолжи со напади кон Мицкоски

Продолжува војната меѓу лидерот на Левица Димитар Апасиев и и Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Иако Мицкоски директно не му одговори, во негова одбрана застанаа други сопартијци. 

Последнта објава е од Апасиев кој на твитер напиша:

„Колку треба да си нетактичен политички аматер, у време кога мијалковистички пучисти ти ја роварат партијата, да си отвораш непотребен фронт против левичарите, кои се у топ-форма периодов, напиша Апасиев.

Тој вчера прв ја почна битката реагирајќи на изјавата на Мицкоски кој рече дека нема ништо против во личните карти да има графа за етничка припадност.

„Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката, напиша попладнево на фејсбук Димитар Апасиев. Христијан Мицкоски претходно изјави дека нема ништо против во личлните карти да има графа за етничка припадност.

„Изедначувањето на македонскиот народ, кој преку вооружена антифашистичка војна дошол до своја (а не туѓа) држава, со обична „етничка заедница" е чекор назад во стекнатите историски колективни права на Македонците. Тоа е чекор плус кон идна федерализација и поделба на државата, затоа што со тоа и се одзема државотворниот конститутивен статус на нашата нација и се сведува на една од многуте „заедници" кои живеат на оваа територија.

Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина - (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!? Ама, за да го сконташ ова, треба да гледаш подалеку од носот, да имаш политички сенс и правно-политолошко, теоретско и практично знаење - а не од обичен анонимус во енергетската политика, да бидеш подметнат од Грујо на наместен конгрес за "лидер“, напиша Апасиев.

На ова на твитер реагираше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ од Куманово, Бране Петрушевски кои ги нарече од Левица втори слуги на Заев после тие од Иницијативниот одбор за свикување Вонреден Конгрес на партијата.

„Заев ги активира и своите втори слуги, покрај Иницијативниот одбор, сега и Левица е активна во спроведување на неговите антимакедонски политики, пишува Петрушевски и констатира:

„Блокирањето на оваа поранешна пракса од страна на Левица изгледа како координиран став со понижувачката забрана за употреба на термините “Македонија” и “АСНОМ”. Затоа, блокирањето на овој закон му оди во прилог на Заев.

Според Петрушевски, за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо во личните карти да стои и етничката припадност Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав, Бошњак, Хрват и друго, бидејќи тоа е лична определба, национално чувство и право на секој граѓанин, а било пракса и во минатото.


Слично

Поврзани вести