Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мухамед Зекири се опорави од корона-вирусот и се врати дома со семејството

Мухамед Зекири се опорави од корона-вирусот и се врати дома со семејството

Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ, објави дека се опоравил од коронавирусот и дека се вратил дома со своето семејство, откако изминатиот период беше хоспитализиран со неговата сопруга и дете како позитивни на Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред две недели на прес - конференција потврди дека Зекири, неговата сопруга и малолетната ќерка се хоспитализирани со коронавирус.  Зекири и семејството беа во добра здравствена состојба, стабилна форма на болеста, само со висока температура.

„Од срце сакам да се заблагодарам на секој од вас што бевте со нас во најтешките времиња. Вие сте нашата втора фамилија. Посебно се ЗАБЛАГОДАРУВАМ на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Најдлабока благодарност до оние кои се жртвуваат и продолжуваат тоа да го прават секој ден: доктор Илир, доктор Милена, доктор Фадил, доктор Ана од педијатрија, останатиот неуморен тим: Рејхан, Весна, Елена, Кики, Сухејла, Фисник, Изабела, Нуредин, Велимир, Снеже, Марина и многу, многу други кои 24 часа се во служба на пациентите сместени на инфективната клиника.

На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐуште имаат несериозен пристап кон Ковид-19 сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат!
Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себе си, блиските и други недолжни луѓе!

Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател!“, објави функционерот на СДСМ.


Слично

Поврзани вести