Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИХАИЛОВ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Заменик директорот на Национални шуми заедно со уште неколкумина други луѓе, вдишаа чад па добија кислородна поддршка

МИХАИЛОВ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Заменик директорот на Национални шуми заедно со уште неколкумина други луѓе, вдишаа чад па добија кислородна поддршка

Заменик генералниот директор на Национални шуми, Кире Михаилов, деноноќно се бореше со пожарите рамо до рамо со пожарникарите и доброволците. 

Во една таква борба со огнената стихија, тој заврши во болница, заради вдишан чад.

„Со уште неколку други луѓе завршивме на кислородна поддршка поради вдишан ча. Ова е мала цена во однос на она што ќе го плати природата заради големите опожарени површини. Капа долу и огромна благодарност и за сите вработени во Здравниот Дом во Пехчево кои се на висината на своите задачи во оваа исклучително тешка вонредна состојба. Јас ќе бидам добр. Здрави и живи да сте ми сите Вие, а МАКЕДОНИЈА да ни биде вечна и да ни ја чува Господ, напиша тој на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести