МИХАИЛОВ ФАТИ НОВ ПОЖАР: „Екипите пешачат на теренот поради непристапноста“
Имаме нов пожар на планината Готен, на територија на општина Василево, над м.в. Слепи Дол и м.в Орлов Камен, во близина на селото Нивичино, објави заменик генералниот директор на Македонски шуми, Кире Михаилов.
„На лице место веднаш се упатени вработени од ЈП "Македонски Шуми" од Струмица со три возила и едно возило на ТППЕ од Струмица.
Поради непристапноста на теренот, екипите пешачат на теренот или се префрлаат со трактори од Нивичино до линијата на огнот.
На пат е и воздушна поддршка, а поради близината на брана Турија, сметаме дека поддршката од воздух ќе биде доста ефикасна.
Од страна на општина Василево ќе биде обезбедена и механизација да помогне во гасењето на овој пожар.
Доколку не успееме да го решиме овој пожар, истиот е блиску до тромеѓето и може да навлезе на териториите на општините Берово и Радовиш за кое нешто ќе бидат известени градочалниците на овие општини да бидат подготвени и за такво сценарио!“, објави тој.
Слично
