Михаел Рот: Договорот на Македонија и Грција доказ дека може да се надминат билатерални разлики
Државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот преку соопштение пред учеството на состанокот со шефовите на дипломатиите на западнобалканската конференција во рамки на Берлинскиот процес во Лондон вели дека договорот меѓу Грција и Македонија за спорот со името покажал дека е можно да се надминат и длабоките билатерални разлики.
Според Рот демократскиот развој на земјите во регионот е во интерес како на Германија, така и на Европа, како и дека се од особено значење за сопствената безбедност.
„Состанокот е можност за земјите во регионот да ја подобрат регионалната соработка и со тоа да го поттикнат своето приближување до ЕУ“ - кажал Рот истакнувајќи дека со цел постигнување на раст на довербата, не само меѓу политичарите, туку и меѓу граѓаните, германската Влада ја поддржува работата на регионалната младинска заедница во рамки на Берлинскиот процес.
