Економија, финансии, бизнис

Контакт

Михаел Рот доаѓа во Скопје - за што ќе разговара со политичарите?

Михаел Рот доаѓа во Скопје - за што ќе разговара со политичарите?

Германскиот државен министер за Европа,  Михаел Рот  во понеделник доаѓа во Скопје на средби со претставници на власта и опозицијата. Централна тема на состаноците ќе биде договорот со Грција, најави германското МНР. 

Најавени се средби на државниот министер со премиерот и вицепремиерот,  Зоран Заев и Бујар Османи, со министерот за надворешни работи Никола Димитров како и со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од германското МНР наведуваат дека посетата на Рот на Скопје доаѓа еден месец по потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција и потенцираат дека токму спроведувањето на овој договор ќе биде централна тема на состаноците, покрај разговорите за спроведувањето на неопходните реформи во земјата.

Слично

Поврзани вести