Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИГРАНТ ОД СИРИЈА СО ОСИП НА КОЖАТА Е ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Д-р. Капсаров подетално за состојбата на пациентот суспектен на мајмунски сипаници

МИГРАНТ ОД СИРИЈА СО ОСИП НА КОЖАТА Е ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Д-р. Капсаров подетално за состојбата на пациентот суспектен на мајмунски сипаници

Млад мигрант од Сирија од вчера е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести бидејќи е суспектен на мајмунските сипаници. Во изјава за Фактор, д-р Коста Капсаров вели дека тој е во добра општа состојба и дека е задржан за подетални испитувања и се очекуваат резултатите од тестот кои би потврдиле евентуална зараза со овој вид сипаници.

-Пациентот е донесен во Клиниката за инфективни болести од Кавадарци со возило на Итната медицинска помош. Бил болен 9 дена, суспектен е на сипаниците бидејќи има осип на кожата. Станува збор за млад човек, мигрант од Сирија кој на нашата клиника е задржан за да се направат сите потребни иследувања. Напрацаен е и тест за мајмунски сипаници и ги очекуваме резултатите, вели за Фактор д-р Капсаров од Клиниката за инфективни болести.

Инаку, ова е втор суспектен случај на мајмунски сипаници во Македонија. Првиот е 43 годишен човек од Кичево, за кој се уште нема информации во врска со анализите и евентуално дали има конкретен резултат кој би потврдил евентуална зарзаза со овие сипаници..

А.Б.


Слично

Поврзани вести