Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мигрант кој пред една недела е најден во бессознание почина во болницата во Куманово

Мигрант кој пред една недела е најден во бессознание почина во болницата во Куманово

Мигрант денеска починал во кумановската болница, соопшти полицијата. Тој пред една недела е најден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во градот. 

„Денеска во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во Општа болница Куманово за понатамошно лекување“, објави кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести