Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦОТАКИС ЗА МИЦКОСКИ: Позицијата премиер е институционално тело, а не индивидуално

МИЦОТАКИС ЗА МИЦКОСКИ: Позицијата премиер е институционално тело, а не индивидуално

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис упати порака до идниот македонски премиер Христијан Мицкоски во однос на Договорот од Преспа. 

„Договорот од Преспа и едното име Северна Македонија, ерга омнес, за сите, беше основниот предуслов Северна Македонија да влезе во НАТО“, изјави Мицотакис во интервјуто за државната телевизија „ЕРТ“. 

Тој посочи дека позицијата премиер е институционално тело, а не индивидуално, но и коментираше дека станува збор за „непотребна димензија што ги комплицира односите меѓу двете држави“, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека токму името „беше и причината што земјата толку години не влезе во НАТО“, а посочи и дека со новиот премиер „се чини дека за првпат ќе се најдат заедно на 75-годишнината од формирањето на Алијансата“.

Идниот премиер Христијан Мицкоски кажа дека нема како папагал да ја повторува придавката „Северна“, но формално ќе го почитува Договорот од Преспа. 

Слично

Поврзани вести