Мицотакис вели дека Договорот од Преспа мора да се почитува, иако тој лично не е задоволен од него
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вели дека Грција е посветена на спроведување на Договорот од Преспа, иако лично не е задоволен од него.
„И покрај слабостите што ги посочив во Договорот, никогаш никого не измамив и од почетокот кажав дека од моментот кога овој Договор ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, должен сум да го спроведам и многу внимателно да го следам неговото спроведување“, рече Мицотакис.
Тој нема одговор за тоа кога грчкиот парламент конечно ќе ги ратификува трите меморандуми за соработка со нашата земја. Не се сменети ниту таблите во Грција на кои се уште пишува Скопје и ПЈРМ. Грчкото МНР се правда дека тоа се само технички пропусти на нивните локални власти.
Во Македонија, советници во две општини потпишаа свечени изјави со старото име на државата, Република Македонија.
