„МИЦОТАКИС СРЕЌЕН“ - Ванковска „распали“ по претседателката: „Поарно да не правеше циркус“
Професорката Билјана Ванковска утрово повторно со критика до новата претседателка на земјава.
- Без коментар! На што е горда не знам. На теориското знаење или на „легализмот”? Поарно да не правеше циркус со заветната, пардон заклетвата, отколку вака да се објаснува. Дури сега експлицитно се промовира во чувар на Преспанскиот. Мицотакис среќен - напиша Ванковска на својот Фејсбук профил, каде воедно пренесе и дел од изјавата на претседателката Гордана Силјановска Давкова повразно со почитувањето на Преспанскиот договор, и новото име на Македонија.
Еве ја објавата на Ванковска од утрово:
Слично
